За учество во елитното натпреварување се пријавени вкупно 27 екипи, а новата сезона ќе се игра во проширен формат со 24 клуба распределени во шест групи.
Покрај Вардар, за вајлд-карта аплицираа и Целје, Партизан, Криенс-Луцерн, Валур и Кристијанштад, како и уште десет клуба од земјите кои веќе имаат загарантирани места.
Конечната одлука за учесниците ќе биде донесена на 22 јуни, додека ждрепката за групната фаза е закажана четири дена подоцна во Виена. Вардар се надева дека повторно ќе добие место во најсилното европско клупско натпреварување.






