петок, 19 јуни 2026

Трамп од Русија бара договор, но не ветува нов притисок на Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија треба да склучи мир со Украина и дека тој ќе се обиде да помогне, откако лидерите на Г7 се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски вчера, но имаше малку детали за конкретните чекори за зголемување на притисокот врз Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, кој пристигна на самитот на Г7 во француското одморалиште Евијан-ле-Бен со прелиминарен договор за прекин на војната со Иран и обновен фокус на конфликтот во Украина, ја опиша средбата со Зеленски како „многу добра“.

Зеленски и европските лидери се обидоа да го убедат Трамп дека перспективите на Украина се подобрени бидејќи таа бара поголема поддршка за зајакнување на својата позиција во евентуалните мировни преговори.

Трамп подоцна вчера разговараше директно со Зеленски. Претходно во текот на денот, украинското претседателство објави фотографии на кои се гледа како Зеленски разговара со Трамп и американскиот државен секретар Марк Рубио на маргините на самитот.

„Ќе направам сè што можам“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека премногу млади луѓе од двете страни умираат на бојното поле. „Видете, Русија треба да постигне договор“.

Двајца европски дипломати изјавија дека за време на состанокот, Зеленски му покажал на Трамп фотографии од манастирскиот комплекс Печерска лавра во Киев, кој во понеделникот беше погоден од украинската противвоздушна одбрана, а Киев тврди дека станува збор за руски напад.

Трамп изразил незадоволство од нападот, кажа еден европски дипломат, додека друг кажа дека потегот на Зеленски да ги покаже фотографиите бил „психолошки“ добар.

Во интервју за Ројтерс, Зеленски кажа дека неговиот клучен фокус е зајакнување на воздушната одбрана на Украина, но исто така дека се разговарало за дополнителни санкции со цел да се донесе Москва на преговарачка маса.

Европските дипломати рекоа дека тонот на состанокот бил конструктивен.

„Се чини дека сега имаме заедничка анализа: Русија сега е во дефанзива“, оцени еден европски дипломат.

Сепак, двајцата дипломати кажаа дека Трамп не се обврзал да воведе дополнителни санкции на САД врз Москва, што го бараат европските лидери.

Трамп им кажа на новинарите дека Вашингтон сега е во позиција да дозволи истекување на олеснувањата за руската нафта откако привремениот договор за завршување на војната со Иран ги смири пазарите, но не се осврна на прашањето за пошироки казнени мерки.

Европските лидери сакаа да го убедат Трамп дека претходните позиции на САД за можните услови на договорот биле премногу поволни за Москва, особено сега кога украинските напади со беспилотни летала на руска територија ја подобрија позицијата на Киев.

„Плимата се врти во корист на Украина“, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, на Икс. „Заморот на Русија отворено се покажува. Сега е време дополнително да се зголеми поддршката“.

Француски дипломат кажа дека лидерите на Г7 се согласиле дека динамиката на бојното поле сега е во корист на Украина и ветиле дека ќе му обезбедат на Киев дополнителни капацитети за воздушна одбрана.

Се очекува европските лидери да го предупредат Трамп дека привремениот договор со Иран ризикува зајакнување на нуклеарните и балистичките ракетни програми на Техеран. Тие исто така се надеваа дека ќе дознаат повеќе детали за меморандумот.

Претседателот на Франција Емануел Макрон кажа дека приоритет е да се обезбеди „цврст, сериозен договор што ќе биде финализиран“.

Вчерашниот работен ручек беше посветен на безбедното повторно отворање на Ормускиот теснец, кој Иран во голема мера го затвори откако беше нападнат од САД и Израел кон крајот на февруари, а лидерите, исто така, се обидоа да идентификуваат алтернативни патишта за заобиколување на водниот пат. Трамп рече дека теснецот ќе биде „целосно отворен“ во петок.

Привремениот договор треба да отвори 60-дневен период за сложени технички преговори, што би вклучувало разговори за судбината на иранските залихи на високо збогатен ураниум, како и укинување на меѓународните санкции.

Сепак, европските сојузници стравуваат дека неискусниот американски преговарачки тим во следната фаза може да не успее да обезбеди цврст нуклеарен договор или да се справи со иранската програма за балистички ракети, што потенцијално ќе доведе до продолжен ќорсокак.

Трамп оцени дека договорот „гласно и јасно“ вели дека Иран нема да развива нуклеарно оружје – нешто што Иран долго време негираше дека има намера да го стори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ