петок, 19 јуни 2026

Трамп: Очекуван прекин на војните на сите фронтови на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „целосен прекин на огнот на сите фронтови“ набрзо откако Соединетите Американски Држави и Иран ќе го потпишат договорот за завршување на војната на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД се „посветени на мирот и ги охрабруваат сите во регионот на Блискиот Исток да останат посветени на обезбедувањето успех на нашите преговори“, кажа Трамп, мислејќи на разговорите со Иран по новиот договор.

„Очекуваме целосен прекин на огнот на сите фронтови, вклучувајќи ги Либан, Хезболах и Израел“, порача Трамп.

Тој додаде дека пазарите „реагираат позитивно на падот на цените на нафтата и растот на акциите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ