четврток, 18 јуни 2026

Чесите потфрлија и ремизираа против Јужна Африка на СП (ВИДЕО)

Чешка пропушти можност да направи голем чекор кон нокаут фазата на Светското првенство, откако одигра 1-1 против Јужна Африка во второто коло од групата А.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европската селекција рано дојде до водство преку Михал Садилек, кој погоди уште во шестата минута и донесе предност по подобриот старт на својот тим. Чесите имаа уште неколку добри шанси да го решат натпреварот, но не успеаја да ја затресат мрежата по вторпат.

Казната стигна во завршницата кога Павел Шулц играше со рака во шеснаесетникот, а Тебо Мокоена беше сигурен од белата точка за 1-1 во 81. минута. До крајот Чешка силно притискаше по победнички гол, но Јужна Африка успеа да се одбрани и да освои вреден бод.

Во последното коло Чешка ќе се соочи со Мексико, додека Јужна Африка ќе игра против Јужна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ