четврток, 18 јуни 2026

Трамп: Сакам да им се заблагодарам на Владимир Путин и Си Џинпинг (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им се заблагодари на кинескиот претседател Си Џинпинг и на рускиот претседател Владимир Путин за нивната „неутралност“ за време на војната со Иран, нагласувајќи дека тие не ги попречиле напорите на Соединетите Американски Дрќави да ги ограничат нуклеарните амбиции на Иран. Тој го изјави ова на прес-конференција на самитот на Г7 во Евијан-ле-Бен во Франција, откако беше договорено примирје во конфликтот, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи се пред новинарите, Трамп кажа дека е благодарен на двајцата лидери што не се мешале во конфликтот. „Само сакам да им се заблагодарам затоа што ја направија целата ситуација многу полесна“, кажа Трамп. „Сакам да им се заблагодарам на Кина и на претседателот Си. Разговарав со него и тој остана неутрален, целосно неутрален, што го ценам“, кажа Трамп. „Исто така, сакам да му се заблагодарам на Владимир Путин, тој беше многу неутрален. Можеа да ни ја направат ситуацијата многу потешка“, додаде тој.

Изјавите на Трамп се во спротивност со неговите критики кон сојузниците на САД, од Јапонија до Европа, на кои им се налути поради недостатокот на помош во воената операција и последователните напори за деблокирање на Ормускиот теснец, морскиот пат блокиран од Иран.

Москва и Пекинг инаку одржуваат блиски односи со Техеран. Русија предупреди дека војната може да предизвика трка во нуклеарно вооружување на Блискиот Исток. Пекинг ги осуди нападите на Вашингтон врз Техеран како очигледно кршење на суверенитетот на земјата.

Според информирани извори, американските разузнавачки претставници проценуваат дека Кина го снабдувала Техеран со стока со потенцијална воена примена. Покрај тоа, независните рафинерии на Кина беа главните купувачи на иранска нафта за време на конфликтот, со што ги прекршија едностраните санкции на САД.

И покрај ова, Трамп тврди дека Си помогнал во решавањето на конфликтот и избегнал испраќање „тешко оружје“ или преносливи противвоздушни ракети. „Тие можеа да испратат танкер за нафта придружен од шест разорувачи.

Тие не го направија тоа. Претседателот Си ми помогна. Тој се обиде да помогне и мислам дека веројатно придонесе за решението“, оцени Трамп. Кинеската и руската амбасада во Вашингтон не одговорија веднаш на барањето за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ