четврток, 18 јуни 2026

ЖФК Скопје го доби првиот противник во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак во женска конкуренција, Скопје, го доби првиот ривал во квалификациите за Лигата на шампионките.

Објавено на

часот

Сподели

Ждрепката посака екипата од главниот град во полуфиналето од квалификацискиот мини турнир да игра против Атлоне Таун од Ирска. Во случај на победа, следен предизвик за македонскиот тим ќе биде подобриот од пресметката меѓу Чарни Сосновиец од Полска и Нике од Грузија.

Скопје ќе биде дел од турнир со четири екипи, кој ќе се одигра од 22 до 25 јули. Организаторот на турнирот засега не е познат и ќе биде одреден во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ