Комитетот за превенција на насилство (ДЕАБ) изрече високи парични санкции за дел од главните актери. Центарот на Олимпијакос, Тајрик Џонс, е казнет со 100.000 евра, додека ѕвездата на Панатинаикос, Кендрик Нан, ќе треба да плати 50.000 евра.
Покрај кошаркарите, казни добија и двата клуба, Олимпијакос и Панатинаикос, поради настаните кои ја одбележаа финалната серија и во новата сезона ќе играат по еден меч без публика.
Сепак, ова не е крајот на дисциплинската постапка. Станува збор само за финансиски санкции, додека спортскиот судија на грчката лига допрва треба да донесе одлука за евентуални дополнителни казни.
Не е исклучено Џонс и Нан да заработат и суспензии кои би можеле да влијаат на нивните настапи во следната сезона.






