Португалците имаа одлично отворање на натпреварот, по само шест минути игра поведоа со 1-0, Нето асистираше до Невеш кој постигна фантастичен гол со глава за 1-0.
Во тие моменти се чинеше дека Португалија нема да има тешка задача да стигне до трите бода, но тоа не се случи.
Течеше петтата минута од судиското продолжение во првото полувреме кога Виса реализираше со глава за израмнување на 1-1.
Португалија имаше цело второ полувреме да ја врати предноста и да дојде до победа, но не успеа, не создаде доволно за да постигне гол.
Роналдо имаше блед настап, но такви беа речиси сите играчи на Португалија.






