Рој беше актуелен тренер на Брест, клуб кој го презеде во 2023 година и со кој испиша историја. Под негово водство, тимот се избори за прв пласман во Лигата на шампионите.
Пред тренерската кариера, Рој имаше богато фудбалско минато. Настапуваше за Ница, Тулон, Марсеј, Лион, Сандерленд, Троа и Рајо Ваљекано, а во текот на кариерата важеше за еден од препознатливите играчи за врска во францускиот фудбал. По повлекувањето од терените остана дел од спортот како тренер и функционер. Ја водеше Ница, а најголем белег остави во Брест каде што ги оствари најзначајните резултати во својата кариера.
Неговата смрт предизвика бројни пораки на сочувство од француските клубови, поранешни соработници и навивачи, кои се простуваат од човекот што остави длабока трага во францускиот фудбал.






