среда, 17 јуни 2026

Левица: 45.000 евра од Лотарија завршиле кај поврзани фирми и лица

Стефан Синадиновски, поранешен претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ДПМНЕ во Аеродром, поранешен советник во општина Аеродром, а сега вработен во Царинската управа, се најде на платниот список на Државна лотарија за донации и спонзорства со износ од 45.000 евра, се наведува во соопштението на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

Како што стои во соопштението, фирмата „Мобилен Бар“, во сопственост на друштвото „Ивент Сервис“, заедно со здружението „Посветен викенд“, инкасирале над 2,7 милиони денари (околу 45.000 евра) државни средства како донации од Лотарија на Македонија. Од Левица посочуваат дека двата субјекти се наоѓаат на иста адреса и се поврзани со исти лица.

Во соопштението се наведува дека здружението „Посветен викенд“, формирано во 2024 година, меѓу другото реализирало активности како чистење на паркот „Авионче“ во Аеродром и организација на настан „Фемили деј“ во паркот Шопен во Кисела Вода.

Од Левица поставуваат прашања по кои критериуми токму овие субјекти добиле средства од Државната лотарија и каков проект од јавен интерес е понуден за исплата на ваквите суми.

Во соопштението се додава дека Левица прашува дали парите во Државната лотарија се пари на граѓаните или, како што наведуваат, „личен фонд за наградување на поранешни партиски функционери и советници од Аеродром“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ