Осомничените им плаќале големи суми пари на силите на босанските Срби за да можат да ги убиваат граѓаните на Сараево од нивните позиции за време на опсадата на градот, во која загинаа околу 11.000 луѓе.
Обвинителите објави дека меѓу запленетите докази има фотографија од осомничениот, 65-годишен маж кој живее во областа Алесандрија, со техничка опрема и пригушувач. Претресот е спроведен врз основа на сведочење на неговата поранешна сопруга и поранешна партнерка.
За време на сослушувањето, поранешната партнерка изјавила дека осомничениот ѝ признал дека страда од кошмари затоа што убивал луѓе во Босна во 1990-тите. „Ми кажа дека порано го напуштал Милано со авион и дека имало некои луѓе со него кои го поминувале викендот како снајперисти и пукале во муслимани“, им кажала таа на истражителите.
Мажот претходно го искористил своето право да молчи кога бил испрашуван од обвинителите. Други осомничени се 80-годишен поранешен возач на камион од покраината Порденоне, 64-годишен бизнисмен кој живее во Бријанца и лице од Тоскана.






