среда, 17 јуни 2026

Европска ракета лансирана во вселената (ВИДЕО)

Европската ракета Аријана 6 бешее лансирана во вселената со нови, помоќни ракетни мотори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата беше лансирана попладнево од Европскиот вселенски центар во Куру, Француска Гвајана, носејќи 36 сателити за Амазон. Аријана 6 е наследник на ракетата Аријана 5, која беше во употреба од 1996 до 2023 година. Првпат беше лансирана во средината на 2024 година.

Наменета е за носење сателити во вселената за комерцијални и јавни корисници и е значително поевтина од својот претходник, објави Европската вселенска агенција (ЕСА).

Во зависност од мисијата, флексибилната ракета може да биде опремена со два или четири помошни мотори на цврсто гориво.

Досега леташе со мотори П120Ц, но овој пат ракетата е опремена со помоќни модели П160Ц. Моторот П160Ц може да носи повеќе цврсто гориво, што ја прави ракетата поспособна.

Повеќе од десет земји се вклучени во изградбата на Аријана 6. По Франција, Германија е втор најголем поддржувач меѓу земјите-членки на ЕСА и покрива околу 20 проценти од трошоците од околу 4 милијарди евра.

Горната фаза се склопува во Германија, а главните компоненти и системи на моторот се исто така произведени и тестирани во германски погони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ