среда, 17 јуни 2026

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини кај Охридското Езеро

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани.

Објавено на

часот

Сподели

Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Според локалните власти, доколку сопствениците сами не ги отстранат пловните објекти поставени на јавните површини предвидени за рекреација на туристите, тоа ќе го сторат екипи на општинските јавни претпријатија, а трошоците за тоа ќе паднат на товар на сопствениците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ