Во првиот случај, околу 18:00 часот, М.С. (35) од село Петровец, скопско, пријавил дека во селото бил физички нападнат од К.Ј. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во вториот случај, околу 23:40 часот, Д.А. (24) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари неговиот малолетен внук бил физички нападнат од едно лице. И за овој настан се преземаат мерки за расчистување.
Третиот случај бил пријавен околу 19:50 часот, кога Н.М. (44) од Скопје известила дека на 15.06.2026 година околу 23:00 часот, на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.
Од СВР Скопје соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите три случаи.






