петок, 19 јуни 2026

Еден возач, пет тешки камиони: „Беспилотни“ товарни возила

Кинеската компанија „Сани груп“ објави дека четвртата генерација автономни тешки камиони, развиени во соработка со технолошката компанија „Пони.аи“, е во завршна фаза на подготовки за сериско производство, додека првите единици треба да бидат вклучени во комерцијалниот сообраќај веќе годинава, пренесува порталот „Плутон логистик“.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Овој чекор, како што објавува „Плутон логистик“, претставува ново поглавје во развојот на автономниот товарен транспорт во Кина и дополнително ја зајакнува позицијата на земјата меѓу глобалните лидери во имплементацијата на интелигентни логистички решенија. Во исто време, компанијата очекува да придонесе за дигитализација, автоматизација и намалување на емисиите на штетни гасови во логистичката индустрија.

Новиот автономен камион е опремен со батерија со капацитет од повеќе од 400 kWh, а според проценките на производителот, секое возило би можело да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за околу 60 тони годишно. Овој модел би можел да стане еден од предводниците во транзицијата кон транспорт со ниски јаглеродни емисии.

Една од најинтересните иновации е таканареченото решение „1+4“, односно формација во која еден камион со возач води четири целосно автономни возила.

Пилот-проектите, како што се наведува, покажале дека овој начин на работа може да ги намали трошоците за транспорт по изминат километар за 29 проценти, додека оперативниот профит би можел да се зголеми за дури 195 проценти.

Компанијата смета дека овој модел би можел да најде широка примена, особено во работата на паметните пристаништа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ