Канадскиот репрезентативец мораше предвреме да го напушти теренот по еден незгоден дуел, а првичните информации говорат за сериозна повреда на ногата.
По натпреварот за ситуацијата зборуваше селекторот Џеси Марш, кој призна дека моментот бил шокантен за целиот тим.
„Се случи пред нашата клупа. Сите го слушнавме тоа. Веднаш знаев дека е тешка повреда. Сите слушнавме како се крши коска. Не може да останете рамнодушни на такво нешто, сите бевме вознемирени. Ова е голема загуба затоа што Коне е еден од столбовите на нашата екипа“, изјави Марш.
Канада со оваа победа направи важен чекор кон нокаут фазата, но во таборот на селекцијата сега со нетрпение ги очекуваат деталните лекарски прегледи на Коне.






