Минатата година во земјава починале 20.287 лица, што е за 0,4 проценти повеќе во споредба со 2024 година. Од нив, 10.498 биле мажи, а 9.789 жени.
Најмногу смртни случаи биле регистрирани во јануари, вкупно 2.002, додека најмалку во април, кога починале 1.506 лица.
Најчеста причина за смрт и понатаму се болестите на циркулаторниот систем, кои учествуваат со 34 проценти во вкупниот број смртни случаи. Следуваат неоплазмите, односно малигните заболувања, со 19,6 проценти.
Во статистиката се евидентирани и 62 починати доенчиња, што претставува 0,3 проценти од вкупниот број починати лица во текот на годината.






