Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.






