Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба.
Од 19 часот вечер со македонска изворна музика ќе настапи ансамблот Стефче Стојковски, а утревечер од 19 часот концерт ќе одржи Коста Давчевски, млад талентиран класичен гитарист од Србија.
„Старата скопска чаршија е најголема на Балканот и е заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на ‘Ритамот на чаршијата’ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот. Чаршијата плени со мали дуќани, занаетчиски и верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами и е меѓу најпосетуваните локации. Во неа сè уште може да се почувствува минатото, чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата“, соопшти ДКЦ „Карпош“.






