четврток, 18 јуни 2026

Хуманоиден робот е забележан на тротоар во Кина како проси од минувачите (ВИДЕО)

Во кинеската покраина Сечуан, минатата недела беше забележана необична глетка – хуманоиден робот беше снимен како клекнува на улица и ги моли минувачите за пари.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Гледаме „просјак со вештачка интелигенција“ со чинија, QR-код и натпис како бара ситно од минувачите, наводно велејќи дека „нема пари за полнење“ и бара помош поради „трошоците за струја“.

Никој официјално не ја презеде одговорноста за овој необичен перформанс, а роботот е идентификуван како модел Јунитри Г1, кој го произведува компанијата Јунитри роботикс.

Овој настан се случи неколку месеци по уникатниот полумаратон во Пекинг, на кој учествуваа повеќе од 300 хуманоидни роботи, што дополнително го привлече вниманието на јавноста кон брзиот развој на технологијата во Кина.

Видеото од „робот-просјак“ предизвика дебата на интернет за тоа дали станува збор за однапред планирана сатирична сцена, пренесува Дејли стар.

Критичарите истакнуваат дека видеото го осветлува јазот помеѓу високите очекувања за вештачката интелигенција и реалните економски притисоци.

Еден минувач на шега коментираше: „Вештачката интелигенција ги заменува дури и просјаците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ