„Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Управата за финансиска полиција (УФП). Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствата што се преземаат“, информираат од ОЈО ГОКК.
Во акцијата, како што објавија повеќе медиуми, уапсен е и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, по поднесена кривична пријава од Управата за финансова полциија пред повеќе години против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).






