Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, врз основа на препораките од експертите и стручните служби на Министерството.
„Ќе одиме со заострување на казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите“, истакна Тошковски.
Министерот посочи дека анализите покажуваат оти најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација, особено кај лица до 17-18 години.
„Нелегалното управување, возење по двајца или тројца, без кациги и без почитување на правила доведува до сериозни последици“, нагласи Тошковски.
Тој додаде дека дел од измените ќе опфатат и зголемување на старосната граница за управување со електрични тротинети, со цел да се заштитат најмладите и да се намалат ризиците во сообраќајот.
Во однос на проблемот со нелегалниот премин кај Бит-пазар, Тошковски посочи дека прашањето веќе е отворено на координациите меѓу Министерството за внатрешни работи и Град Скопје и најави конкретни активности во наредниот период.
„Постојат редовни координации и оваа тема е веќе разгледувана. Во иднина очекувајте конкретни дејствија за подобрување на безбедноста“, изјави министерот.
Тој нагласи дека, покрај институционалните мерки, клучна е и одговорноста на граѓаните во почитувањето на сообраќајните правила






