Порано, многу љубители на кефирот го подготвувале во домашни услови. Но, процесот на ферментација бара време, посветеност и внимателно одржување на кефирните култури. Во динамичното секојдневие, сѐ повеќе луѓе бараат начин да уживаат во придобивките од кефирот без дополнителна подготовка.
Токму затоа Бимилк го создаде Баланс+ Кефир, производ кој ги обединува традиционалните вредности на кефирот со практичноста што ја бара современиот живот. По својот квалитет, Баланс+ Кефир се изедначува со домашно подготвениот кефир, а содржи пет млечни и кефирни култури кои низ процесот на ферментација создаваат вредни хранливи состојки, пробиотски микроорганизми, белковини, аминокиселини и витамини.
Со својот благ и кремаст вкус, Баланс+ Кефир лесно може да стане дел од секојдневната исхрана, без разлика дали се консумира за појадок, како ужина или како дополнување на оброкот. Како природен пробиотик, придонесува за подобра дигестија и нормална функција на цревата, а истовремено го поддржува имунолошкиот систем и претставува едноставен начин за внесување корисни хранливи материи секој ден.
Баланс+ Кефир е достапен во пакувања од 250 грама и 950 грама, подготвен да ви ги понуди сите придобивки од кефирот во практична и лесно достапна форма. Така, без потреба од домашна подготовка, можете секојдневно да уживате во хранливите и пробиотските својства поради кои кефирот е ценет со генерации.
Со Баланс+ Кефир, традицијата и современиот начин на живот се спојуваат во еден производ создаден за секојдневна грижа за организмот.
Комерцијален текст






