четврток, 18 јуни 2026

Дијаз ја предводеше Колумбија до победнички старт на СП, Гана подобра од Панама (ВИДЕО)

Колумбија со 3-1 го победи Узбекистан во првото коло од Светското првенство, Гана со 1-0 беше подобра од Панама.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Луис Дијаз беше најзаслужен за триумфот на Колумбија, учествуваше во два од трите погодоци.

Во 40. минута Дијаз му асистираше на Муњоз за водство од 1-0. А откако Фајзулиев испиша историја како прв фудбалер на Узбекистан што постигнал гол на Мундијалите, Дијаз во 65. минута повторно ја донесе својата репрезентација во предност.

Конечните 3-1 ги постави Кампаз во деветтата минута од судиското продолжение, потврдувајќи ја заслужената победа на Колумбија.

Со освоените три бода, Колумбијците се искачија на првото место во групата и во следното коло ќе имаат можност да го обезбедат пласманот во нокаут-фазата доколку ја совладаат селекцијата на Конго.

Во вториот натпревар од групата, Гана со минимални 1:0 ја победи Панама во меч кој многумина го оценија како еден од најслабите досега на шампионатот.

Херој на Ганците беше Јиренки, кој го постигна победничкиот гол длабоко во судиското продолжение, во 95. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ