четврток, 18 јуни 2026
Време

Oблачно со температури до 34 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според прогнозата на УХМР, од денеска до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност.

Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ