четврток, 18 јуни 2026

Вардар го одреди терминот за домашниот дуел во првото коло од квалификациите за ЛШ

Вардар го доби распоредот за двомечот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот шампион европската авантура ќе ја отвори пред своите навивачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Натпреварот е закажан за 7 јули со почеток од 19:00 часот.

Реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Финска, кога ќе биде познато која екипа ќе обезбеди место во следната фаза од натпреварувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ