среда, 17 јуни 2026

Лавров: Москва го поддржува договорот на САД и Иран, Израел треба да го почитува

Москва го поддржува договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран за окончување на војната, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на телефонскиот разговор со неговиот ирански колега Абас Арагчи, нагласувајќи дека Израел треба да го почитува.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Рускиот министер ја изрази својата поддршка за меморандумот за разбирање постигнат со ефективно посредништво на Пакистан и Катар со цел да се намалат тензиите во регионот“, се наведува во соопштението на неговото министерство на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави дека е постигнат договор со Иран, а свеченото потпишување е планирано за петок во Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ