Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна.
Во време кога урбаните простори сè почесто се исполнети со унифицирани и анонимни елементи, ваквите интервенции покажуваат дека функционалноста и естетиката можат да одат рака под рака. Наместо да доминира во просторот, банкоматот суптилно комуницира со него, почитувајќи го духот на локацијата на која е поставен.

Ова, всушност, не е прв ваков пример од банката. Пред неколку години, Халкбанк постави банкомат и во центарот на Охрид, дизајниран во стилот на традиционалната охридска куќа. И тогаш идејата беше иста, банкарската инфраструктура да не биде “туѓо тело” во градскиот пејзаж, туку дел од неговиот идентитет.
Можеби токму во ваквите мали детали се крие разликата помеѓу обичен урбан елемент и решение што успева да му оддаде почит на местото на кое припаѓа. Пред Македонскиот народен театар, банкоматот не само што нуди услуга, туку ненаметливо станува дел од сценографијата на градот.
Важни се луѓето. Важна е културата.
Комерцијален текст






