четврток, 18 јуни 2026

Фицо: Братислава нема да поддржи посебен статус на Украина во ЕУ

Владата на Словачка нема да поддржи посебен статус за Украина во Европската Унија, туку Киев, ако сака да стане членка на Унијата, мора да ги исполни истите услови што важат за сите кандидати, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесува РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Владата што ја предводам нема да поддржи никакви кратенки или исклучоци, како и никаква можност за заобиколување на стандардната постапка за пристапувањето кон Европската Унија. Ако Украина сака да стане членка на Европската Унија, мора да ги исполни сите услови што другите земји морале да ги исполнат“, кажа Фицо за време на состанокот со членовите на парламентарниот Комитет за европски прашања.

Тој нагласи дека Киев се соочува со „долг и тежок пат“ кон членство во ЕУ.

„Различните идеи за придружено членство (на Украина во ЕУ) не ни се привлечни“, порача словачкиот премиер.

Тој истакна дека во моментов, земји како Црна Гора, Албанија и Србија се најподготвени за членство во Европската Унија.

Претходно, весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг објави дека германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил на Украина да ѝ се додели статус на придружна членка на Европската Унија, како и на неа да се прошири обврската за заемна одбрана предвидена во основачките договори на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ