петок, 19 јуни 2026

Официјално: Филип Кузмановски останува во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја заврши една од најважните задачи пред стартот на новата сезона, откако обезбеди продолжување на соработката со капитенот Филип Кузмановски.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот репрезентативец ќе остане дел од битолскиот состав и во наредната сезона, иако во изминатиот период имаше интерес и понуди од неколку странски клубови. Сепак, Кузмановски донесе одлука да остане во Битола и да продолжи да го предводи тимот како капитен.

Средниот бек неодамна настапуваше како позајмен играч за Кувајт Клуб, со кој учествуваше на Азискиот шампионат, но по завршувањето на обврските се враќа во редовите на „зелено-белите“.

За Кузмановски ова ќе биде трета сезона по враќањето во Битола во 2023 година. Неговата кариера го одведе низ повеќе клубови, откако во 2015 година го напушти матичниот клуб и настапуваше за Металург, Еурофарм Работник, а потоа и во Германија каде ги бранеше боите на Магдебург, Хановер и Вецлар.

Битолчани подготовките за новата сезона ќе ги стартуваат во текот на јули, а тимот ќе го предводи новиот тренер Лино Червар, кој по долго време повторно се враќа на македонската ракометна сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ