петок, 19 јуни 2026

Лавров: Европа не сака преговори, сака да го зачува режимот на Зеленски

Вистинската цел на европските лидери не е да преговараат со Русија, туку да го спасат режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров нагласи дека вистинската намера е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како платформа за продолжување на конфликтот со Русија, пренесува ТАСС.

„Вистинската цел на европските лидери затоа не е да преговараат со Русија. Тоа е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како отскочна даска за продолжување на конфликтот против Русија“, вели Лавров во својата статија насловена како „Украина, Европа и глобалната безбедност“.

Статијата на рускиот министер за надворешни работи требаше да биде објавена во бриселското издание на порталот Политико-Европа, но уредничкиот одбор ја откажа публикацијата во последен момент, според рускиот ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ