петок, 19 јуни 2026

Тиквеш се раздели со дури единаесет фудбалери

Тиквеш најави големи промени во играчкиот кадар пред стартот на новата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Кавадаречкиот прволигаш се раздели со дури 11 фудбалери, а меѓу нив е и искусниот дефанзивец Даниел Мојсов.

Покрај него, клубот го напуштаат и Стефан Тасев, Мартин Стојанов, Берат Садик, Кристијан Стојкоски, Кристијан Ѓорѓиевски, Никола Најдовски, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Данаил Тасев и Вања Терзиќ.

Од Тиквеш преку социјалните мрежи им се заблагодарија на фудбалерите за придонесот во изминатиот период, а во наредните недели се очекува клубот да биде активен на трансфер пазарот.

Новиот тренер Оливер Богатинов ќе добие значително освежен тим, бидејќи во Кавадарци се очекнува пристигнување на најмалку десетина нови имиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ