Како што соопшти МЖСП, на средбата Хоџа се заблагодарил за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Македонија во спроведувањето на реформите и проектите во областа на животната средина.
„Партнерството со германските институции е значаен придонес за заштита на природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, истакнал министерот Хоџа.
На средбата биле разгледани тековните проекти што се реализираат со поддршка на ГИЗ, како и можностите за проширување на соработката во областа на заштитата на животната средина.
„Соработката на одржливото управување со отпад, циркуларната економија, справувањето со климатските промени и унапредувањето на европската агенда, е од суштинско значење за Министерството за животна средина и просторно планирање“, стои во соопштението на Министерството.
Од своја страна, Маркус Делфс ја реафирмирал посветеноста на ГИЗ за поддршка на стратешките приоритети на Министерството и за натамошно зајакнување на соработката во проектите што придонесуваат за одржлив развој и зелена транзиција.
Соговорниците ги оцениле досегашните резултати од соработката како успешни и изразија подготвеност за интензивирање на заедничките активности во наредниот период.






