„Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во Конвенцијата на Обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена за лицето на кое до сега му беше определена притворска мерка од осум дена во скратена постапка“, соопштија од ОЈО ГОКК.
За ова кривично дело за кое осомничен потпалувачот од Драчево е предвидена казна затвор од најмалку една година.






