Ова се наведува во соопштение објавено денес на платформата Телеграм од страна на портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.
Есмаил Багај ги осуди „агресивните и терористички напади“ на Израел врз неколку области во Либан, тврдејќи дека десетици либански цивили се убиени и повредени во нападите, а била предизвикана голема штета на станбените згради и инфраструктурата.
Тој предупреди за сериозните и непосредни последици што може да ги има континуираната израелска ескалација за регионалниот мир и безбедност.
Портпаролот порача дека Вашингтон носи „директна одговорност“ за моменталната ситуација. Тој се повика на Член 1 од Меморандумот за разбирање потпишан на 18 јуни, во кој експлицитно се наведува дека „крајот на војната во Либан е составен дел од поширок договор за прекин на огнот на сите фронтови“.
Багај додаде дека Иран ќе преземе сите потребни мерки за да ги заштити своите интереси, безбедност и правата на своите сојузници.
Во серијата израелски напади врз јужен и источен Либан во петокот, најмалку 31 лице се убиени, а повеќе се повредени, објави официјалната либанска новинска агенција (NNA).
Според најновите официјални податоци, во израелската воена офанзива против Либан, која почна на 2 март, убиени се 3.912 лица, 11.873 се повредени, а повеќе од еден милион жители се раселени. За време на воената кампања, израелските сили напредуваа повеќе од десет километри во внатрешноста на либанската територија.






