петок, 19 јуни 2026

Хеленио Енерџи и Шеврон го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите Хеленио Енерџи и Шеврон потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно договорот, Шеврон ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека Хеленио Енерџи ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.

Со потпишувањето на новиот договор, Хеленио Енерџи и Шеврон дополнително ја зајакнуваат својата стратешка соработка во регионот, заеднички учествувајќи во вкупно пет концесии за истражување на јаглеводороди во морските подрачја на Грција. Во моментот, истражувањата во Блокот 10, на кој се однесува новиот договор, влегуваат во својата втора фаза.

Претходно беа завршени 2Д и 3Д сеизмички испитувања кои овозможуваат подетално разбирање на геолошките структури и проценка на потенцијалните идни активности за дупчење.

По повод потпишувањето на најновиот договор, главниот извршен директор на Хеленио Енерџи, Андреас Сиамисис, изјави: „Влегувањето на Шеврон во Блокот 10 дополнително го зајакнува нашето постојно партнерство и ги усогласува интересите на двете компании во сите блокови во јужниот Јонски регион, создавајќи значително поголема истражувачка област во која заеднички учествуваме. Флексибилноста на нашето портфолио, заедно со можноста за работа на поширока концесиска површина, претставуваат клучни фактори за привлекување на водечките меѓународни енергетски компании и за создавање потенцијални синергии. Работата што ја реализиравме во Блокот 10 во изминатите години овозможи посеопфатна проценка на неговиот потенцијал и го поддржа влезот на Шеврон во поширокото портфолио. Прилагодувањето на нашиот сопственички удел ја одразува нашата стратегија за активно управување со истражувачките средства како динамично портфолио, каде што сопственичката структура може да се менува во согласност со променливите околности. Нашата доследна реализација на оваа стратегија, во комбинација со значајната работа што е завршена досега и зајакнатата соработка со надлежните институции, создаде соодветни услови за ваков тип трансакции, носејќи позитивни резултати за нашата компанија, за Грција и за поширокиот регион“.

Хеленио Енерџи е една од водечките интегрирани енергетски компании во Југоисточна Европа, со активности во осум земји и диверзифицирано портфолио кое опфаќа производство, снабдување и трговија со енергија, како и развој на обновливи извори на енергија.

Во земјава, Хеленио Енерџи е присутна преку ОКТА, која е дел од Групацијата и претставува еден од нејзините долгогодишни инвестициски и деловни потфати во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ