Проектот се реализира во рамки на програмата „Унгарски кредит – Проекти Фаза 2“, согласно договорот склучен помеѓу Владата на РМ и Министерството за животна средина и просторно планирање за периодот 2025–2027 година.
„Продолжуваме со реализација на капитални инфраструктурни проекти кои обезбедуваат подобри услови за живот на граѓаните. Изградбата на фекалната канализација во Бабин Дол – Припор е долгогодишна потреба на жителите и уште еден чекор кон модерна и функционална комунална инфраструктура во општината“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.
Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат санитарните услови и квалитетот на живот на жителите од овој дел на општината.






