петок, 19 јуни 2026

Македонските одбојкарки убедливо загубија и од Хрватска

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија реди порази во Европската лига, денеска загубивме од Хрватска со 0-3 (15-25, 12-25, 15-25) на турнирот кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

По пет одиграни меча, Македонија нема победа, но нема освоено ниту сет. Таква негативна статистика има само уште селекцијата на Исланд, а без победа се и Албанија и Грузија, но тие имаат освоено по еден сет.

Хрватските одбојкарки лесно го добија мечот, Македонија во два сета освои по 15 поени, во еден само 12.

Најефикасна во нашата селекција беше Милевска која освои седум поени. В недела, Македонија игра против Словенија, а утре со истата репрезентација се среќава и Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ