Американците ја победија Австралија со 2-0 и со максимален учинок по две кола се пласираа во следната рунда.
Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме. Прво Камерон Бурџес си постигна автогол по една брза акција на домашниот состав за 1-0 уште во 11. минута од средбата.
На вториот погодок се чекаше до пред крајот на полувремето, а тогаш Алекс Фримен со глава ја зголеми предноста на 2-0.
Гостите речиси и да не се заканија пред паузата, поради што Поповиќ се реши за тројна измена на стартот од вториот дел. Сепак, Австралија не успеа да се врати во натпреварот, а Американците без поголеми проблеми го сочуваа водството.
Со овој триумф САД го продолжуваат перфектниот настап на турнирот и пред последното коло веќе можат да размислуваат за нокаут фазата.






