сабота, 20 јуни 2026

Дел од центарот на Скопје денес без вода

Без вода денеска ќе биде еден дел од централното градско подрачје. Прекинот ќе почне во 09 часот поради санирање на дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“.

Објавено на

часот

Сподели

Без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, дел од булеварот „Крсте Мисирков“, Крњево, Македонската телевизија, Ист Гејт.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти дека со намален притисок на вода ќе биде ниската зона од Автокоманда до Камник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ