сабота, 20 јуни 2026

Алмирон настрада од новото правило на ФИФА (ВИДЕО)

Се случи првиот црвен картон поради новото правило кое гласи дека фудбалерот ќе биде исклучен од игра ако ја покрие устата додека има дијалог со противнички играч.

Објавено на

часот

Сподели

Ова правило е иницирано од инцидентот во Лигата на шампионите кога Престијани му се обрати на Винисиус со покриена уста. Тогаш од таборот на Реал Мадрид тврдеа дека се работи за расистичка навреда, а Аргентинецот негираше. Случајот не можеше да се докаже поради раката на фудбалерот која беше ставена преку неговата уста додека зборуваше.

ФИФА реши ваквите инциденти во иднина да бидат санкционирани со црвен картон, а прв на своја кожа тоа го почувствува Алмирон.

Во судиското продолжение од првото полувреме фудбалерот на Парагвај со покриена уста му рече нешто на Мулдур од Турција и по прегледување на ВАР снимката доби црвен картон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ