Концертот под отворено небо е бесплатен за посетителите. Ќе го води диригентот Најден Тодоров, а солисти ќе бидат нашата сопранистка Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија.
На прес-конференција во пресрет на концертот, Ана Дурловски истакна дека овој проект е вистински пример на културно поврзување.
„Суштината е во градењето мостови онаму каде што политиката понекогаш поставува граници. Оваа соработка и ова заедничко создавање треба да продолжи и понатаму. Тоа што ќе се случи на овој концерт ќе биде навистина величествено затоа што го носи искуството од Софија и од Солун, топлината и енергијата што ги разменивме, креативноста што ја донесовме. Ова повторно ќе биде нешто ново – во величествен отворен простор, што ќе донесе едно навистина уникатно доживување“, рече Дурловски.
На концертот ќе учествуваат и Националната опера и балет, хорот на Музичкото училиште во Солун и Детскиот хор „Пиколо“.






