Она што е навистина неверојатно е податокот дека Турците на овие два натпревари упатиле дури 62 шута кон противничкиот гол, а притоа не успеале ниту еднаш да ја затресат мрежата.
На овој необичен статистички податок се осврна и селекторот Винченцо Монтела.
„Во фудбалот сум 35 години. Вакви работи обично се случуваат еднаш во 50 години, а нам ни се случија во два натпревари. Имавме 62 удари во тие два меча, а да не зборувам за поседот на топката. Среќата едноставно не беше на наша страна“, изјави Монтела.
Турција во последното коло ќе игра против САД, но натпреварот ќе има само формално значење бидејќи селекцијата веќе ги загуби шансите за пласман во осминафиналето.






