сабота, 20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија грчкиот остров Крит, туристите итно евакуирани

Грчкиот остров Крит беше погоден од два земјотреси со јачина од 4,6 и 5,3 степени, со разлика од неколку минути, денес околу пладне.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Епицентарот е регистриран на длабочина од 14 километри под морското дно во близина на островчето Гавдос, јужно од Крит.

Според порталот Креталајв, потресите се почувствувале низ целиот остров, вклучувајќи ги и градовите Ретимно и Ханија. Грчката полиција патролирала, но засега нема извештаи за материјална штета.

Грчките медиуми јавуваат дека туристите во областа се итно евакуирани како мерка на претпазливост и поради ризикот од лизгање на земјиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ