сабота, 20 јуни 2026

Од експлозија при гасење на пожар во Визбегово повреден е пожарникар

Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар.

Објавено на

часот

Сподели

„Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“ – посочуваат од ЦУК.

Потенцираат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Како што нагласуваат, според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ