Денеска, полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот.
Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Несреќата се случи вчера околу 19 часот во селото Визбегово, а девојчето со тешки телесни повреди е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.






