сабота, 20 јуни 2026

За кратко време, нов тежок пораз на Сабаленка

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, влезе во психолошки проблем по тешката елиминација на Ролан Гарос кога загуби десет гема по ред.

Објавено на

часот

Сподели

По тој меч белоруската тенисерка призна дека ѝ е толку тешко што помислува да го напушти тенисот. Но, ден подоцна кажа дека ќе продолжи да игра.

Таа настапува на турнитите на трева кои се увертира за Вимблдон. Денеска беше поразена во полуфиналето во Берлин од Пегула.

Првиот сет го доби Пегула со 6-4, а во вториот возврати Сабаленка со 7-6.

Сепак во третиот, решавачки сет, Сабаленка не зема ниту еден гем, тој ѝ припадна на Пегула со 6-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ