сабота, 20 јуни 2026

Медведев: Време е да кажеме дека повеќе нема никакви правила за неонацистичкиот Киев

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев порача дека за Киев повеќе не би требало да важат никакви правила, обвинувајќи ја Украина за сè поинтензивните напади врз руските градови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на масовните напади на непријателот врз нашите градови, чиј интензитет расте и очигледно ќе продолжи да расте, време е отворено да кажеме дека за неонацистичкиот Киев повеќе нема никакви правила и не може ни да има“, напиша Медведев на својот канал на социјалната мрежа Макс.

Тој додаде дека за Русија постои само една граница што не смее да се премине.

„Над границата на прифатливото за нас треба да остане само намерното уништување на цивили. Нагласувам: намерно, односно свесно и целно. Сè друго е целосно дозволено, без оглед на тоа како Зеленски и неговата подла европска поддршка се обидуваат да го прикажат тоа“, изјави Медведев.

Рускиот политичар исто така ја доведе во прашање релевантноста на меѓународните воени правила.

„Патем, и Хашките конвенции за законите и обичаите на војувањето треба да завршат во таа категорија. Повеќе не се потребни. Војните во последните сто години премногу се променија“, напиша тој.

Според него, некогаш не било вообичаено да се киднапираат или убиваат водачите дури ни на непријателските држави, додека денес ракетите и дроновите ги замениле поранешните методи на војување.

„Тогаш бомби се фрлаа од балони, а денес тоа го прават ракети и дронови. Затоа повикувањето на клаузулата ‘ребус сик стантибус’ е сосема соодветно“, заклучи Медведев.

Клаузулата ‘ребус сик стантибус’ во меѓународното право означува начело според кое обврските можат да престанат да важат доколку суштински се променат околностите врз кои биле засновани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ