сабота, 20 јуни 2026

Македонија со убедлив пораз од Израел го заврши настапот во Европската лига

Македонските одбојкари го загубија вториот меч на турнирот во Приштина, бевме поразени од Израел со 0-3 (19-25, 19-25, 14-25).

Објавено на

часот

Сподели

Македонија се обидуваше да му парира на поквалитетниот противник, но Изрелците се покажаа како пресилни за нас. Во ниту еден сет не успеавме да дојдеме ниту до 20 поени.

Никола Ѓоргиев реализираше 15 поени, Филип Савовски имаше седум, додека Стојан Илиев запиша пет, а Лука Костиќ и Кристијан Илијев по три поени.

Македонија во годинешното издание од Европската лига има скор од три победи и три порази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ