недела, 21 јуни 2026

Македонските кошаркари загубија на тест дуел од Бугарија во Самоков

Машката сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна подготвителниот период пред јулските квалификациски предизвици.

Објавено на

часот

Сподели

Во првата контролна средба од овој циклус, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал загубија од Бугарија во Самоков со резултат 97-68.

Македонската селекција настапи во некомплетен и подмладен состав со оглед на тоа што стручниот штаб не можеше да смета на неколку стандардни репрезентативци. Во последен момент отпаднаа неколку имиња, па бевме без капитенот Војдан Стојановски, но и Андреј Јакимовски, и натурализираниот играч кој е во плановите на стручниот тим.

Тоа го искористи домашниот тим кој од самиот почеток на натпреварот наметна свое темпо и контрола на играта. Бугарија подобро го отвори дуелот во „Сам Елион“ Арената и по првите десет минути стигна до предност од осум поени (28-20). Во продолжението, домашната селекција ја зголемуваше разликата, а проблемите на Македонија во нападот резултираа со поголем минус на полувремето 50-37.

По паузата, сликата на теренот не се промени значително. Македонија се обиде да најде ритам во играта, но тешко доаѓаше до реализација. Во третиот квартал, нашата селекција постигна 16 поени, додека Бугарија одговори со 25 и пред последната четвртина имаше водство од 75-53.

Во завршниот период домаќинот рутински ја задржа предноста и стигна до конечна победа од (97-68) во првата контролна проверка за двете селекции.

Виктор Ефремовски реализираше 13 поени за нашата селекција (имаше и три асистенции и два скока), а двоен број на реализации запиша уште Виктор Ташовски, постигна 12, дополнети со по три асистенции и исто толку скокови. Девет поени постигна Тома Стојаноски (имаше и по два скока и асистеенции), а еден поен помалку имаше Лука Стојановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ